Ќе блесне ли метрополата во новогодишно руво, градската управа уште не открива

Новогодишното украсување во Скопје Нова година
Новогодишното украсување во Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

На првиот ден од последниот месец од годината скопјани се` уште не знаат дали ќе се кити Скопје или не.

Во време на економска криза, сообраќаен хаос, проблеми со греењето и енормна загаденост на воздухот, новогодишната атмосфера на граѓаните им е и повеќе од потребна.

Сепак градските власти сеуште не откриваат дали ќе се кити Скопје, дали ќе биде поставена новогодишна елка на Плоштад како и дали  ќе светкаат сијалички долж булеварите.

Од Град Скопје на прашањата упатени од „Слободен печат“ кратко ни одговорија дека за тоа дополнително ќе бидеме информирани.

– Со тематска прес конференција ќе бидат најавени сите активности поврзани за новогодишната прослава со цел информирање на граѓаните – е краткиот одговор кој го добивме од Град Скопје.

Исто така, остануват отворени и прашањата  дали годинава скопјани на плоштад ќе можат организирано да ја дочекаат Нова Година како и дали ќе се организира традиционалната манифестација „Винтерленд“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот