Кизиќ: Победата над Фленсбург е мотивација за нов триумф

rkvardar.mk

Натпреварот помеѓу Вардар и Порто во петтото коло од ракометната лига на шампиони ќе претставува и дуел на македински голмани. На голот на Порто изминатото коло блескаше Никола Митревски кој беше прогласен за МВП на колото, додека голот на Вардар го чуваат, Борко Ристовски и младиот Марко Кизиќ.

Најмладиот од утрешните актери очекува тежок натпревар против добро познат противник, но смета дека победата над Фленсбург им даде ветер во грбот на неговите соиграчи.

По натпреварот со Фленсбург се крена моралот во екипата, бркаме уште два бода на наредниот натпревар, која ќе биде навистина многу тежок. Минатата сезона, кога игравме со Порто во гости имавме еден многу тежок натпревар. Сега имаме нов изглед на екипата, ќе биде тежок натпревар, но секако дека имаме шанси. Треба да покажеме борба, голема посветеност и мотивација и ќе имаме дефинитивно големи шанси да победиме. Нема да биде лесно, Порто се засили со некои играчи и има квалитетна екипа, но во прилог ни оди овој натпревар со Фленсбург кој го добивме како мотивација на екипата – смета Кизиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот