Кишида: Јапонија и САД постигнаа договор за задржувасње на американскиот воен персонал во базите поради коронавирусот

Фумио Кишида
Јапонскиот премиер, Фумио Кишида / Фото: EPA-EFE/EUGENE HOSHIKO / POOL

Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска изјави дека Јапонија и САД постигнале „основен договор”.

Според договорот, на членовите на американскиот воен контингент не им е дозволено да ги напуштат своите бази во Јапонија, поради загриженоста за наглото зголемување на бројот на случаи на коронавирус.

Кишида рече дека американските војници нема да ги напуштат своите бази „освен кога е апсолутно неопходно”, што значи во итни случаи или поради некоја друга безбедносна причина

„Се уште се разработуваат деталите од договорот”, изјави Кишида во интервју за ТВ Фуџи и потврди дека сојузништвото меѓу САД и Јапонија останува непроменето.

Бројот на нови случаи во Јапонија вчера скокна на повеќе од 8.000, што е рекорд за четири месеци, а медицинските експерти проценуваат дека се случил „шестиот бран на епидемијата”.

За зголемувањето на бројот на новозаразени се обвинува американската војска, бидејќи најголем број нови случаи се регистрирани во близина на воените бази, поради што јапонската Влада минатата недела побара од САД да соработуваат и да го задржат американскиот воен персонал во базите.

Окинава, југозападната група острови на која се наоѓаат мнозинството од 55.000 американски војници во Јапонија, е една од трите префектури во кои од денеска се во сила нови ограничувања за да се потисне ширењето на вирусот.

 

Извор: МИА

Видео на денот