Кисела Вода воведе мерки за заштита на граѓаните од високите температури

Поради топлотниот бран и портокаловата фаза во која се наоѓа земјата, општина Кисела вода ги ослободи од работа бремените жени и лицата кои се на возраст од 60 години.

Како што информираат од општината, оваа група на вработени ќе биде ослободена од одење на работа се до 14 август.

Покрај тоа, локалната власт на Кисела Вода во соработка со Црвен Крст, со специјално возило на хуманитарната организација и медицински тим патролира низ улиците и по потреба интервенира и ги транспортираат лицата на кои високите температури им предизвикале здравствени проблеми до нивните домови.

Воедно, на најфреквентните локации во општината се дели вода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот