Кисела Вода објави јавен оглас за формирање Партиципативно тело за урбанистичко планирање

Општина Кисела Вода објави јавен оглас за формирање на Партиципативно тело, кое ќе има за цел да обезбеди инклузивност, партиципативност и јавност во процесот на урбанистичко планирање.

Како што информира Општината, овој оглас е врз основа на член 46 од Законот за Урбанистичко планирање и е иницијатива на градоналчалникот Темелковски.

– Партиципативното тело ќе биде составено од членови на комисијата за урбанизам на Општина Кисела Вода, стручни лица вработени во правното лице што го изработува урбанистичкиот план кој е предмет на расправа, а особено од лица кои се претставници од урбаните и месните заедници, претставници на невладините организации од различните сегменти на урбаниот живот, здруженија на граѓани и граѓански активисти од подрачјето на општината што ги претставуваат различните групи на граѓани, како и граѓани што се стручни лица од областа на урбанистичкото планирање и другите стручни области суштествени за планирањето и одржливиот развој на градот, стои во соопштението.

Партиципативното тело ќе се формира од доброволно пријавени лица на јавниот оглас.

Јавниот оглас трае 30 дена од денот на објавувањето на веб страната на Општина Кисела Вода и на огласната табла во просториите на Општина Кисела Вода.

Од Општина Кисела Вода соопштуваат дека заинтересираните граѓани и правни лица, можат да ги достават своите доброволни пријави за членување во партиципативното тело на шалтерот на Општина Кисела Вода (барака 6), секој работен ден од 8 до 16  часот до 11 следниот месец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот