Кисела Вода го слави 67-от роденден со седум музичко-забавни случувања, Жељко Самарџиќ меѓу гостите

Фото:Општина Кисела Вода

Роденденот на Општината ќе биде прославен и со богата забавна програма на претстојното ново издание на Културно лето 2022, на која е најавен настапот на голем број домашни македонски ѕвезди како ДНК, Влатко Лозаноски, Теа Трајковска, диџеј Оги, КУД „Китка“, „Филип Шурбевски Езгија квартет“, Ефто Пупиноски, Боби Павловски, „Златно славејче“, Миле Кузмановски, како и настап на Наум Петрески, Зуица Лазова, Владимир Поповски + бенд.

Со седум капитални инфраструктурни, комунални проекти и седум музичко-забавни случувања, Општина Кисела Вода ќе го одбележи 67-миот роденден.

-Започнувајќи од 27 јуни до 3 јули 2022, секој ден во 10 часот наутро ќе се промовира по еден капитален комунален проект. Тоа се седум инфраструктурни решенија на децениски проблеми на нашите жители, кои заедно со нив ги дефиниравме како приоритетни. Како ново раководство кое во прв план ги става потребите на граѓаните, одлучивме не со еден, туку со седум капитални проекти да го одбележиме почетокот на новата година од постоењето на Кисела Вода, бидејќи утрото го најавува денот, а ова ќе биде динамична и плодна година за нашата општина – најави градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски.

Според градоначалникот, ќе се интервенира и инвестира во сите сфери, храбро, одлучно и плански, и како што истакна на тој начин ќе се решаваат крупни проблеми.

Роденденот на Општината ќе биде прославен и со богата забавна програма на претстојното ново издание на Културно лето 2022, на која е најавен настапот на голем број домашни македонски ѕвезди како ДНК, Влатко Лозаноски, Теа Трајковска, диџеј Оги, КУД „Китка“, „Филип Шурбевски Езгија квартет“, Ефто Пупиноски, Боби Павловски, „Златно славејче“, Миле Кузмановски, како и настап на Наум Петрески, Зуица Лазова, Владимир Поповски + бенд.

Во вечерните часови, од 29 јуни (среда), па сѐ до 2 јули (сабота), со почеток од 20 часот, па сѐ до полноќ, присутната публика ќе може да ужива во музичките настапи и концерти на три различни локации, и тоа Парк Македонија (29-30.6.2022 г.), Три Круши во Драчево (1.7.2022) и Расадник (2.7.2022).
Неколкудневната програма на Културно лето 2022, ќе биде затворена на 2 јули, со спектакуларен вечерен музички концерт на големата балканска ѕвезда Жељко Самарџиќ.

– Во рамките на Културно лето 2022, на првиот ден пред официјалната вечерна програма, со почеток во 18 часот во Парк Шопен, ќе се одржи и Хуманитарна коријада, каде што традиционално, голем број пензионери ќе се вклучат во собирање средства за хуманитарни цели со подготовка на домашни национални печива, а сето ќе биде придружено со весела атмосфера и пеење на омилените народни песни – најавија од Општина Кисела Вода.

На последниот ден во сабота, 2.7.2022 во Расадник, покрај настапот со почеток во 11 часот на славејчињата од „Златно славејче“ и изненадувањата за присутните дечиња, за првпат во организација на Општина Кисела Вода, од 18 часот истиот ден премиерно ќе се одржи и „Битка на бендови“, каде што победникот ќе биде награден со концерт во организација на општината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот