Кирјос во одбрана на Ѓоковиќ: И Новак е човек, бидете подобри кон него

Ник Кирјос во минатото често го критикуваше Ѓоковиќ, но сега застана во негова одбрана/ фото: EPA-EFE/TRACEY NEARMY

Лошото момче на тенисот, Ник Кирјос, застана во одбрана на Новак Ѓоковиќ поради третманот кој го има Србинот од австралијските власти при неговото доаѓање во Мелбурн каде треба да ја брани титулата на Австралија Опен.

Откако му беше укината визата, Новак Ѓоковиќ веднаш приложи жалба на таквата одлука, и до изрекување на конечната одлука, тој е сместен во хотел за мигранти во Мелбурн.

„Видете, дефинитивно верувам во тоа дека треба да се преземе некаква акција, јас се вакцинирав поради здравјето на другите и здравјето на мајка ми, но ова како се носиме со ситуацијата со Новак е лошо, навистина лошо. Смешни се шегите кои ги правите, насловите, тој е еден од големите шампиони. На крајот на краиштата, тој е човек, бидете подобри“, напиша Кирјос на својот профил на Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот