Кирјос: Само себични луѓе сакаат да се одржи „УС Опен“!

twitter.com/BBCSport

Првите најави се дека овој турнир ќе се одржи во август или септемри, но и натаму нема официјална потврда.

Австралискиот тенисер зборуваше за ситуацијата со грен слем турнирот „УС Опен“ кој според информациите ќе се одржи годинава и покрај пандемијата на коронавирус.

Првите најави се дека овој турнир ќе се одржи во август или септемри, но и натаму нема официјална потврда. Многу играчи имаат забелешки на тенисот без публика и патување со само еден тренер.

Токму патувањето со еден тренер го загрижи и најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, кој го искажа своето мислење за тој предлог, а воглавно се најде на удар од пониско рангираните тенисери.

Сега свој коментар на социјалните мрежи имаше и Ник Кирјос:

Секако дека луѓето кои живеат во САД притискаат и сакаат да се одржи УС Опен. Себично. Морам да го носам својот „хазмат“ (за деконтаминација) кога патувам од Австралија и потоа на враќање морам да бидам две недели во карантин – напиша Кирјос на Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот