Кирјос повторно го провоцираше Ѓоковиќ (ВИДЕО)

twitter.com/smh

Младиот водител беше збунет па му одговори на Австралиецот: Тој е српскиот тенисер!

Уште еден доказ дека австралискиот тенисер не го сака моментно најдобриот светски тенисер…

Ник Кирјос повторно го провоцираше Новак Ѓоковиќ, а сега тоа му успеа во една емисија која ја води едно дете.

Не го заборавај Новак Ѓоковиќ – рече младиот водител.

Кој? Кој е тој? – праша Кирјос.

Детето беше збунето и налутено, па одговори: „Тој е српскиот тениски играч“.

А, да, мислам дека го знам. Извини – вели Австралиецот.

Моментно тениските натпреварувања се во прекин поради пандемијата на коронавирус, но веќе се одржуваат егзибициски турнири со почитување на мерките за заштита од вирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот