Кирјос повторно го нападна Ѓоковиќ

EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Ник Кирјос  еден од најконтроверзните тенисери на денешницата не крие дека не го поднесува Новак Ѓоковиќ и ја користи секоја можност тоа и јавно да го искаже.
Овој пат Кирјос тоа го стори за време на гостувањето кај познатиот тениски новинар Бен Ротенберг.

– Новак има болна опсесија да им се допадне на сите.  Не можам да ја поднесам неговата желба да им допадне на луѓето. Се ежам од тоа. Колку и да освои Гран слем титули, Новак никогаш нема да биде најдобар тенисер во историјата. Ако не можеш да ме победиш не можеш да бидеш најдобар на сите времиња. Доколку повторно играм со него и го совладам, ќе славам пред него – изјави Кирјос.

Досега Кирјос и Ѓоковиќ играле два пати меѓу себе и во двата наврати триумфираше Австралискиот тенисер. Потенцијалната трета пресметка помеѓу двајцата тенисери е во четвртфиналето на Мастерс турнирот во Рим.

Нападите кон Ѓоковиќ не престанаа тука, Кирјос го прокоментира и скорот на неговиот пријател Енди Мареј кој има 11 победи и дури 25 порази од светскиот рекет број еден.

– Скорот на Енди во дуелите со Ѓоковиќ е срамен. Мислам дека е многу подобар тенисер од него – уште еднаш Кирјос ја потврди нетрпеливоста кон Ѓоковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот