Кирјос повторно го нападна Ѓоковиќ

Ник Кирјос  еден од најконтроверзните тенисери на денешницата не крие дека не го поднесува Новак Ѓоковиќ и ја користи секоја можност тоа и јавно да го искаже.
Овој пат Кирјос тоа го стори за време на гостувањето кај познатиот тениски новинар Бен Ротенберг.

– Новак има болна опсесија да им се допадне на сите.  Не можам да ја поднесам неговата желба да им допадне на луѓето. Се ежам од тоа. Колку и да освои Гран слем титули, Новак никогаш нема да биде најдобар тенисер во историјата. Ако не можеш да ме победиш не можеш да бидеш најдобар на сите времиња. Доколку повторно играм со него и го совладам, ќе славам пред него – изјави Кирјос.

Прочитајте и...  На денешен ден Вардар ја освои втората титула во Лигата на шампионите! (ВИДЕО)

Досега Кирјос и Ѓоковиќ играле два пати меѓу себе и во двата наврати триумфираше Австралискиот тенисер. Потенцијалната трета пресметка помеѓу двајцата тенисери е во четвртфиналето на Мастерс турнирот во Рим.

Нападите кон Ѓоковиќ не престанаа тука, Кирјос го прокоментира и скорот на неговиот пријател Енди Мареј кој има 11 победи и дури 25 порази од светскиот рекет број еден.

– Скорот на Енди во дуелите со Ѓоковиќ е срамен. Мислам дека е многу подобар тенисер од него – уште еднаш Кирјос ја потврди нетрпеливоста кон Ѓоковиќ.

Прочитај повеќе

Србиновски останува и следната сезона на клупата на Гостивар

Слободен печат

На кои фудбалски стадиони има најдобра атмосфера, високо на листата и еден од соседството (ВИДЕО)

Слободен печат

Италија плаче заедно со Гатузо, почина неговата сестра

Слободен печат

Ова е сериозно, што ако Тајсон почине во рингот

Слободен печат

Тренерот на Сан Антонио распали по претседателот на САД: Трамп е кукавица без мозок и идиот

Слободен печат

Девојките во транс, Шпанецот има поубаво тело од Роналдо (ФОТО)

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

КК Гостивар со нов претседател се подготвува за АБА2 лигата

МИА Агенција

Тажна вест, почина НБА легенда

Слободен печат

Барселона најде пари за трансферот на Лаутаро

Слободен печат

Челси и Јувентус пред договор, Сари го носи миленикот во Торино

Слободен печат

Сите спортисти ќе се тестираат пред почетокот на сезоната

Слободен печат

Клубовите го поддржаа предлогот, крај на одбојкарската сезона во Македонија

Слободен печат