Кирјос по три години триумфира на АТП турнир

Ник Кирјос славеше на турнирот во Вашингтон/фото: EPA-EFE/WILL OLIVER

Австралискиот тенисер Ник Кирјос триумфира на турнирот во Вашингтон откако во финалето беше поуспешен од Јошихита Нишиока во два сета со 6:4,6:3.

Ова воедно беше прва титула за Кирјос уште од 2019 година кога исто така во Вашингтон славеше во финалето над сега првиот светски тенисер Данилк Медведев.


Финалистот од Вимблдон подобро го отвори мечот и уште во првиот гем направи бејк по што со сигурен сервис ја задржа предноста до крајот за 6:4 и водство од 1:0 во сетови.

И вториот сет започна идентично, Кирјос во првиот гем успеа да направи брејк и благодарение на добриот сервис не му дозволи на Нишиока данаправи брејк и на крајот дојде до седмиот триумф во кариерата.

Кирјос во Вашингтон триумфираше и во игра на двојки, тој заедно со Џек Сок во финалето ги победија Иван Додик и Остин Крајичек со 7:5,6:4.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот