Кирјос не може без провокации, овој пат со скандалозен натпис на маицата

Ник Кирјос обезбеди пласман во третото коло на УС Опен со победата на Антоан Оанг со 6:4,6:2,6:4, но повторно играта не го привлече вниманието на јавноста, туку неговото однесување. И на овој дуел тој влезе во конфликт, овој пат на негово мени беше судијата.

Кирјос на теренот излезе со маица на која на јаката имаше непишано порака „Just do you“.
Според правилата на АТП, не се дозволени слогани на опремата на тенисерите и судијата побара од Австралиецот да ја намести јаката за да го покрие натписот. Тоа не му се допадна на Кирјос, и бараше од судијата да му ги покаже правилата во кои пишува дека тоа не е дозволено. На крајот, мораше да ја прифати одлуката на судијата.

Но до крајот на мечот со Оанг, тој не издржа и влезе во вербална расправија со судијата.
Во третиот сет при водство од 4:3 и 40:15, Кирјос имаше добар сервис, но противникот побара челенџ и видео проверка. Кирјос бурно реагираѓе на овој потег на Оанг бидејќи сметаше тој побарал челенџ кога не смее. На крајот мораше да интервенира и супервизорот на УС Опен и да го смири Кирјос, објаснувајќи му дека не е во право.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот