Кирјос не може без драма, го чека Надал (ВИДЕО)

EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Кирјос паѓаше по требата, но и по мрежата, покажуваше нервоза, иронично аплаудираше кон публиката, зборуваше во себе гласно, сето тоа како да го деконцентрираше неговиот ривал.

Водеше Кирјос со 2:1, па во четвртиот сет како да не му се играше, па со голема леснотија без ниту еден освоен гем му го препушти на Томпсон за израмнување.

Но, во решавачкиот петти сет на психички план падна Томпсон, а Кирјос тоа го искористи за конечни 7:6, 3:6, 7:6, 0:6 и 6:1. Кирјос во второто коло се очекува да се сретне против Рафаел Надал кој ја има фаворитската улога против Јуичо Сугита.

Сем Квери приреди големо изненадување на вториот ден на грен слем турнирот „Вимблдон“ совладувајќи го петтиот носител, Австриецот Доминик Тим со 6:7, 7:6, 6:3 и 6:0. Во другите средби во машка конкуренција успешни до сега беа Де Минаур, Еванс, Џонсон, Нишикори, Басилашвили, Багдатис, Беретини, Симон и Нори.

Кај жените победи забележаа Синиакова, Дарт, Ван Ујтванк, Ванг К., Мертенс, Никулеску, Стрицова, Канепи, Стивенс, Дејвис, Линет, Кербер, Ванг Ј., Зигемунд, Бенчиќ, а првата носителка Барти со 6:2 и 6:2 ја совлада Женг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот