Кирјос ќе го судат, му се заканува казна од две години затвор

EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Додека лошото момче од Австралија игра на Вимблдон, од Канбера добил покана за суд поради физички напад на поранешната девојка

Тенисерот Ник Кирјос треба да се појави на суд во Австралија откако беше повикан да се соочи со обвинение за напад на поранешна девојка. Австралиецот (27), кој во понеделникот стигна до четвртфиналето на Вимблдон, следниот месец ќе се појави пред судот во Канбера.

Полициската служба на австралиската престолнина денеска потврди дека Кирјос бил повикан да се соочи со обвинение за напад на неговата поранешна девојка. Судската покана се однесува на инцидент во Канбера што се случил минатиот декември.

– Полициската служба потврдува дека 27-годишен маж од Вотсон треба да се појави на суд за започнување на процес на 2 август во врска со едно обвинение за напад во инцидентот во декември 2021 година – рече портпаролот.

Поканата, наводно, се однесува на тврдењето дека Кирјос ја нападнал физички поранешната девојка, Кјара Пасари. Максималната казна за обвинението е две години.

Кирјос утре треба да игра во четвртфиналето на Вимблдон против Кристијан Гарин од Чиле. Тој на Вимбдон успеа веќе да „заработи“ две парични казни, една од 8.260 фунти затоа што плукнал кон еден гледач и една од 3.300 фунти за пцуење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот