Кирјос има една молба за Федерер

EPA-EFE/DAVID CROSLING

Австралискиот тенисер, Ник Кирјос кој наместо по резултатите, вниманието на јавноста го привлекува поради испадите и инцидентите, се јави пред големото финале на Вимблдон во кое играат Ѓоковиќ и Федерер.

Кирјос не пропушта можност во јавноста да ги провоцира Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал од кого загуби во второто коло, па не сакаше да остане должен ниту денеска.
„Федерер, те молам победи“, напиша Кирјос на својот профил на Твитер.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот