Кирјос го откажа настапот на УС Опен и повторно го пецна Ѓоковиќ

EPA-EFE/LUKAS COCH

Австралискиот тенисер Ник Кирјос одлучи да не игра на грен слем турнирот во Њујорк.

Кирјос за време на пандемијата на коронавирусот често велеше дека е против организирањена големите турнири. УС Опен треба да започне 31. август, а
Кирјос преку видео порака објави зашто нема да игра и не пропушти да ги прозве колегите кои играа тенис за време на пандемиата и правеа забави.

„ Оваа година нема да играм на УС Опен. Ме боли тоа што нема да играм на еден од најголемите тениски стадиони, Артур Еш, но стојам зад својот народ, моите Австралијанци како и зад стотиците илјади Американци кои ги загубија своите животи.

Ова е моја одлука. Морате да се однесувате во интерес и на другите, не можете да играме да столица, да земате пари по Европа или да се обидете да направине некоја егзибиција од која ќе заработите „брзи пари“. Тоа е себично, мислете на другите бидејќи за тоа станува збор со овој вирус. Не ме интересира на кое место сте на ранг листата или колку пари имате. Однесувајте се одговорно. За тие кои се однесуваа себично и ги прекршија правилата – велам со среќа. Играјте на сопствен ризик, немам проблеми со тоа“, порача Кирјос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот