Кирјос ги збуни сите со новата порака за Ѓоковиќ! (ФОТО)

twitter.com/smh

Оваа слика на Инстаграм профилот на австралискиот тенисер е објавена после триумфот на Ноле во полуфиналето на грен слемот во Мелбурн.

„Контроверзниот“ Австралиец Ник Кирјос повторно ги изненади сите љубители на тенисот…

Денеска на својот Инстаграм профил објави слика со Тенис Сандгрен, а му ја посвети на Новак Ѓоковиќ – со порака која ги зачуди следбениците.

Целиот тениски свет знае дека Кирјос нема симпатии за српскиот тениски рекет Новак Ѓоковиќ, па токму затоа ја збуни јавноста со најновата објава.

View this post on Instagram

Tennys and I love Novak

A post shared by NK (@k1ngkyrg1os) on

Тенис и јас го сакаме Новак“  напиша австралискиот тенисер Кирјос под фотографијата, чии зборови од повеќето следбеници беа толкувани како саркастични.

На сликата е со Тенис Сандгрен, Американецот кој во четвртфиналето на „Австралија опен“ загуби од Рожер Федерер.

Истата е споделена на Инстаграм после триумфот на Новак Ѓоковиќ против Федерер и така обезбеди пласман во финалето на грен слем турнирот во Мелбурн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот