Кирјос е скандал мајстор: Раскина со девојката поради Рита Ора

Кирјос и Рита Ота тајно се допишувале додека тенисерот бил во врска со Кјара/ фото: EPA-EFE/VICKIE FLORES/NEIL HALL

Лошото момче на тенисот, Ник Кирјос доживеа непријатна сцена кога неговата девојка дозна што прави „на страна“.

Кирјос имаше жестока расправија со сега веќе поранешната девојка Кјара Пасари во еден хотел во Мелбурн додека заедно ги поминуваа деновите во карантин, а причина за кавгата е популарната пејачка Рита Ора како и фотографиите со другите девојки со кое се забавувал „на страна“.

Кирјос и Кјара неодамна кога се вратија во Австралија мораа да заминат во задолжителен карантин, но расправијата била толку бурна што управата на хотелот морала да повика полиција, а потоа ги сместила тенисерот и девојката во две одвоени соби.

Кавгата започнала кога Кјара ги видела пораките на тенисот во неговиот телефон, а потоа на социјалните мрежи објави фотографија од Кирјос како лежи во креветот заедно со друга девојка.
„Таа гола девојка која е со Ник, не сум јас. Се надевам дека сега на сите ви е јасно“, порача Кјара.

Кјара потоа одговарање на прашања на следбениците на Инстаграм и откри дека Кирјос се допишувал и со позната пејачка Рита Ора, како и дека имаат заеднички фотографии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот