Кирјос: Бев во тешка депресија, луѓето сакаа да ме искористат

epa08169851 Nick Kyrgios of Australia reacts during his fourth round match against Rafael Nadal of Spain at the Australian Open tennis tournament at Melbourne Park in Melbourne, Australia, 27 January 2020. EPA-EFE/SCOTT BARBOUR AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Лошото момче на тенисот, Ник Кирјос отворено зборуваше за своите проблеми во минатото.

Кирјос кој моментно се наоѓа на 45. место на АТП ранг листата, за „Сандеј Телеграф“ открива дека во изминатите години се бореше со депресија и за тоа време се чувствувал како да бил „осамен на мрачно место“.

Австралискиот тенисер кој во текот на кариерата имаше низа испади на и надвор од тениските терени, призна дека во 2018 година започнал да оди на психотерапија.

Кога се мачев тоа не беше само поради тенисот. Имаше моменти кога бев во сериозна депресија. Се сеќавам дека во Шангај се разбудив во четири часот попладне, а прозорите беа покриени со завеси. Не сакав да го видам светлото на денот. Чувствував дека никого не го итересирав како личност и дека сите сакаа да ме гледаат како тенисер и да ме искористат – признава Кирјос.

Австралискиот тенисер вели дека тој период од животот му е најлошиот.
Чувствував дека не можам да им верувам на луѓето. Бев осамен, на темно место. Ја загубив волјата да играм тенис, повеќе не се радував на топчето.

Проблематичното однесување на тениските терени минатата година му донесе четиримесечна суспензија и казна од 25.000 долари.
– Паднав во депресија поради тоа што се замислував како поинаква личност. Се плашев да излезам и да зборувам со луѓето бидјеќи мислев дека ги изневерив оти не победував на тениските терени – вели Кирјос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот