Кирјос бараше дисквалификација на Циципас, Гркот го удри топчето кон трибините

Ник Кирјос/фото: EPA-EFE/KIERAN GALVIN

Ник Кирјос во третото коло го победи Стефанос Циципас со 3:1 во сетови во меч кој беше исполнет и со контроверзни моменти, а во еден таков момент австралискиот тенисер побара неговиот противник да биде дисквалификуван.

Имено, Кирјос само што го доби вториот сет со 6:4 и израмни на 1-1 во сетови, Циципас бесно го удри топчето кое одлета на трибините. Поради тој потег Кирхос побара од судијата да го суспендира грчкиот тенисер.

 

 

– Тоа е дисквалификација! Дали си глуп или …? Значи можеш да го удриш топчето кон трибините, да погодиш некого и да не биде дисквалификуван? Дали треба некој сега да биде повреден? Ти си срамота – му рече Кирјос на судијата.

Австралискиот тенисер потоа го спомена и примерот со Новак Ѓоковиќ кој беше дисквалификуван на УС Опен 2020 година бидејќи со топче погоди линиска судијка во вратот.

– Донеси друг супервизор, адвокат. Што се случи со Новак? Тој го удри силно топчето, таа (судијката) беше повредена? О боже. Сакам супервизори да дојдат тука. Не можеш удираш топка кон трбибините, да погодиш и да не бидеш дисквалификуван – рече Кирјос.

Сепак, судијата не ја промени одлуката, не го суспендира или санкционира Циципас и мечот продолжи, а на крајот славеше Кирјос во четир сета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот