Кириос казнет за кршење рекети и навредување на судијата

Ник Кирјос во поразот од Карен Качанов на Мастерс турнирот во Синсинати имаше свое шоу, со кое повторно се најде во центарот на вниманието.

Кирјос кршеше рекети за време на паузата за тоалет, а го навредуваше и главниот судија, Фергус Марфи. Поради неговото однесување, АТП одлучи да го казни со 113.000 долари.

„ Кирјос е казнет поради предупредување за злоупотреба на топчињата, тројно неспортско однесување, напуштање на теренот, пцуење и вербален напад“, стои во соопштението на АТП која напомена дека истрагата ќе продолжи, а Кирјос се соочува и со можна суспензија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот