Кирил Колемишевски поставен за нов директор на Македонска банка за поддршка на развојот

Кирил Колемишевски е поставен за нов главен извршен директор на Македонска банка за поддршка на развојот АД Скопје.

Оваа информација е објавена на сајтот на Македонска берза а во соопштението се посочува дека оваа одлука е донесена на седницата на Надзорниот одбор на Банката одржана на 15 мај, пред два дена.

„На седницата на Надзорниот одбор на Банката одржана на 15.05.2019 година е донесена Одлука бр.02-1268/1 за именување на лицето Кирил Колемишевски за вршител на должност член на Управен одбор главен извршен директор на Македонска банка за поддршка на развојот АД Скопје.

Мандатот на вршителот на должност член на Управен одбор — главен извршен директор е со почеток од 15.05.2019 година, а истекува со денот на добивање на согласност од страна на гувернерот на Народна банка на Република Северна Македонија за именување на член на Управен одбор на банката — главен извршен директор“, пишува во одлуката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот