Ќириќ: Од Келн направија прав потег, Чурлинов го чека светла иднина! (ФОТО+ВИДЕО)

twitter.com/GEISSBLOG_KOELN

Ексклузивно за „Слободен печат“ говореше Саша Ќириќ (51) кој е спремен да помогне, секако кога биде потребно, во интерес да се развие уште повеќе фудбалот во нашата земја, со мисли за сегашноста и иднината.

Со голема внимателност следејќи ги наредните големи перспективи, како и со својот придонес во Академијата на ФФМ, проект кој е секако многу важен преку кој може да се создаваат квалитетни млади фудбалери и на тој начин личности со вистински спортски вредности.

twitter.com/fckoeln

Со внимание го следи и настапот на новата македонска фудбалска надеж и репрезентативец, Дарко Чурлинов (18) кој исто така игра во делот на нападот, му се предвидува светла иднина:

-Дарко го познавам од времето кога тој заедно со Димитар Митровски на млада возраст заминаа во Росток. По нивното заминување во Магдебург, почнав уште поинтензивно да ги пратам и како дел од ФФМ јас ги имав контактите со одговорните луѓе во клубот за сè што е во врска со нив. Даре го имаше тој правилен пат на развој за секој еден млад играч каде што одеше скалило по скалило нагоре, од помали во поголеми клубови – ни изјави Ќириќ.

Ќириќ своевремено како професионален фудбалер, врвен голгетер во дресот на бундеслигашките екипи Ајнтрахт Франкфурт и Нирнберг. За Нирнберг моментно е во Топ 10 најдобри стрелци во историјата на клубот со 48 голови. Беше дел уште од Тенис Борусија Берлин, Кикерс Офенбах, Арау, Вардар, ЦСКА Софија, Вардар, Пелистер, Металург и Слога Умин Дол.

Селекторот на А репрезентацијата, Игор Ангеловски одново го повика Чурлинов, овој месец беше и во составот за последните два квалификациски натпревари за ЕП 2020 година во Скопје против Полска и Австрија.

Принтскрин/facebook.com

– Неговата техника, брзиот дриблинг и продор, а и неговата одговорност во играта ги забележаа и луѓето од Келн кои направија прав потег привлекувајќи го Даре во нивната младинска екипа каде што тој ги покажува неговите врвни квалитети. И ние во ФФМ реагиравме и му дадовме кратка минутажа во нашиот најдобар состав на македонија и со тоа тој стана најмлад македонски репрезентативец во историја – додаде Ќириќ.

Дебитираше за сениорите во пријателскиот дуел со Белорусија (3:0) на 28 март 2017 година. Во изминатата сезона 2018/2019 беше прв стрелец во јуниорската Бундеслига – Запад со 18 голови за младинскиот тим на Келн во чии бои стрелаше и за освојување на Покал Купот.

И луѓето што го водат првиот тим на Келн (кој од наредната сезона ќе игра во најсилната германска лига) се свесни за големиот потенцијал што го поседува нашиот играч. Имаат намера и натаму да го повикуваат Чурлинов како тренира со сениорите на оваа екипа, што е секако големо признание и дополнителен стимул да работи и тренира уште повеќе.

-Добро за него е што првата екипа на Келн полека го приклучува кон тренинзи и пријателски натпревари не дозволувајќи пребрзо да „изгори“, а самиот Даре на тие тренинзи, а посебно на мечевите на последните зимски подготовки кои ги имаше со првиот тим покажа дека тие можат сериозно да сметаат на него во иднина –

Фото: ФФМ

Ќириќ на Чурлинов му предвидува светла иднина познавајќи ја работата на германските клубови, особено кога се во прашање млади играчи, а со самото тоа и ние како држава и репрезентација ќе имаме придобивки.  Еве ги неговите препораки:

– Можеби јас лично во моментов би му препорачал повеќе да настапува за нашата У21 селекција каде што би добил полна минутажа и би бил носител на играта, отколку да биде на клупата на А репрезентацијата, чекајќи го правиот момент кога ќе блесне и во неа. Сè на сè, му посакувам во иднина само да остане здрав и сочуван од повреди, а тој ќе ни врати со успеси како на клупски, така и на репрезентативен план – заврши Ќириќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот