Киријакидес: Руската вакцина ќе има ист третман за авторизација во ЕМА како и сите други

Фото: EPA-EFE/JOHANNA GERON / POOL

Еврокомесарката за здравство, Стела Киријакидес, потврди дека руската вакцина „Спутник V“ ќе биде анализирана како и сите други вакцини, јави дописничката на МИА од Брисел.

Одговарајќи на новинарско прашање за руската вакцина, Киријакидес истакна дека истите стандарди ќе се применуваат за оваа вакцина, како и за сите други, пред да се донесе одлука за нејзина авторизација.

– Вакцините се проценуваат врз основа на научни докази за нивната безбедност и ефикасност по поднесување на апликација до Европската агенција за лекови. Секоја вакцина, дали е руска или друга, ќе биде проценета како било која друга вакцина, и истото ниво на докази ќе бидат побарани, изјави Киријакидес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот