Кире Лазаров знае каде ќе ја заврши кариерата

EPA-EFE/Sandor Ujvari

Тоа што секако радува за нас е новиот добар настап на македонскиот репрезентативец, Кирил Лазаров кој се истакна како втор стрелец со запишани четири голови од седум обиди.

Серија на порази во незгоден момент за Нант кој ја губи трката за една од позициите кои водат во Лигата на шампионите и најверојатно ќе мора да се задоволи со учество во ЕХФ купот наредната сезона.

Врвен играч на залез на кариерата, кој и со своите 39 години блеска на ракометните терени. Наредниот месец се очекува со националната репрезентација да обезбеди ново учество на континенталните собири.

Во интервјуто за „Независне“ говореше за првите спортски чекори, љубовта кон ракометот, за неговиот клуб Нант, животот во нашата земја, како дише македонскиот ракомет и плановите за во иднина.

Запрашан во кој клуб би сакале да ја заврши професионалната кариера, нашиот десен бек одговори:

– Ќе ја завршам кариерата во Нант, тоа е сигурно. Скоро сигурно ќе останам во спортот, во ракометот. Имам неколку опции во главата и времето ќе покаже за кој пат ќе се одлучам – рече Лазаров.

Трофеите се негов заштитен знак, над 50, но со националниот тим не успеа досега да дојде до медал. Дали можеби сега е доцна за такво нешто?

– Бевме неколку пати блиску до полуфиналните борби. Го носам националниот дрес од 1997. година и многу сум горд на тоа. Македонија е ракометна земја и тоа треба да се негува. Луѓето во Македонија го сакаат ракометот. Реков дека верувам во чуда, Македонија има нови генерации кои се талентирани и им треба нашата помош. Мојата земја многу направи во ракометот оваа деценија и во иднина ќе биде уште подобра. Не смееме тоа да му скратиме на народот кој го сака спортот и ракометот – се зборовите на нашиот ракометар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот