САД стојат зад Албанија во напорите да се одбијат сајбернападите од Иран

Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Џонатан Фајнер, заменик на советникот за национална безбедност во Белата куќа нeодамна се сретна со Олта Џачка, министерка за надворешни работи на Албанија, повторно истакнувајќи ја итната, значајна и продолжителна подршка на САД за албанските напори да се зајакне сајбербезбедноста, изјави Џон Кирби, портпарол на Националниот совет за бебедност на претседателот Џо Бајден.

„Поддршката на САД за албанските напори да се зајакне сајбрбезбедноста е во лицето на повторните, подривачки кибер напади на Иран“, рече Кирби синоќа на прес брифинг за странските дописници во Вашингтон.

Фајнер исто така го изразил задоволството на САД од цврстата соработка меѓу САД и Албанија.

„Задоволството од заедничката сорботка на глобални прашања, вклучувајќи ја заедничката работа како сојузници во НАТО и лидерството на Албанија како (непостојан) член на Советот за безбедност при ОН, коподготвувач со САД на резолуцијата на ОН за осуда на руската инвазија на Украина“, рече Кирби

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот