Белата куќа ја поздрави одлуката на ЕУ за ограничување на цената на руската нафта на 60 долари за барел

Фото: EPA-EFE/Chris Kleponis / POOL

Белата куќа вечерва ја поздрави денешната одлука на Европската унија за „заедничко делување” по прашањето за ограничување на цената на руската нафта на 60 долари за барел и додаде дека тоа ќе има ефект на ограничувањето на руските приходи.

„Ние продолжуваме да веруваме дека ограничувањето на цената ќе помогне да се ограничи способноста на Путин да профитира од нафтата, што ќе му отежне да ја финансира неговата воена машинерија која убива невини Украинци, изјави портпаролот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби“, пренесоа британските медиуми.

Претходно, денеска Европската унија одлучи да ја ограничи цената на 60 долари за барел, откако Полска се согласи да го деблокира договорот што беше закочен од пред четири дена.

Механизмот за ограничување на цените ќе стапи на сила в понеделник, на 5 декември

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот