Кирацовски ќе поднесе Предлог-закон, со кој во иднина нема да застаруваат кривичните дела на функционерите

Фото: Фејсбук

Пратеникот Александар Кирацовски ќе поднесе Предлог-закон, со кој кривичните дела сторени од избрани и именувани функционери нема во иднина да застаруваат, овој негов Фејсбук статус уследи по вчерашното застарувањето на кривичното дело во случајот „Траекторија“, во кој првоосомничен беше поранешниот премиер Никола Груевски.

-Политиката е специфична и комплицирана дејност и наука. Понекогаш во истата, постојат моменти кои за општо добро треба да ги надминете или избегнете, нешта кои треба компромисно да ги решавате, но и работи кои мора да ги спроведете, мора да ги испорачате и кои не смеете да ги пропуштите или испуштите од вид. Правдата, т.е. нејзиното испорачување е токму таква работа и насушна потреба во нашето општество!- пишува Кирацовски на Фејсбук.

Како пратеник во Собранието Кирацовски пишува дека ќе бара поддршка од пратениците во македонскиот Парламент.

-Поднесувам Предлог Закон со кој кривичните дела сторени од избрани и именувани функционери нема да застаруваат. Ќе побарам поддршка од сите 120 колеги пратеници да се приклучат кон ова законско решение и заедно во најбрз можен рок истото да биде изгласано и применето во позитивните законски прописи во државата. Знам дека после се што се случува во нашата држава, ова може ќе звучи иронично, но ПРАВДА МОРА ДА ИМА!“, пишува Кирацовски.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот