Кирацовски ќе ја донира својата плата за пожарникарите што гасеа во Кисела Вода

Пратеникот Александар Кирацовски, објави дека поттикнат од пожртвуваноста на пожарникарите кои учествуваа во гасење на пожарот во зграда во Кисела Вода, ќе донира една пратеничка плата.

,,Брзата реакција, организираноста на противпожарната единица на Град Скопје која денес успешно се справи со пламените јазици од пожарот настанат во зградата во Кисела Вода (во чија близина привремено престојувам и јас со своето семејство), треба да биде пример за посветеност, пожртвуваност кон својата работа во служба на граѓаните, за многу општествени истакани личности, како и за вработените во сите институции.

Хероите – пожарникари, кои неколку часа се справуваа со настанатиот пожар, спасија повеќе животи, ставајќи го својот во ризик.

Тоа мора да се поздрави и да се награди, за да се поттикне како пример на однесување за сите нас.

Во таа насока, како пратеник во републичкото Собрание, изјавувам дека за ПОЖАРНИКАРИТЕ – ХЕРОИ, во форма на награда ги издвојувам моите месечни приходи.

Истовремено ги повикувам сите кои се во можност да го сторат истото во најразлична форма за овие хумани луѓе, но и за семејствата чиишто станови се зафатени од пламенот на настанатиот пожар.

Хуманоста пред се!“-напиша Кирацовски на социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот