Кирацовски ја откажа седницата за Изборниот законик, се чека преводот на поднесените 5.899 амандмани

Фото: Слободен печат/Д. Митрески

Откажана е денешната седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците на која требаше да почне амандманската расправа за Предлог-измените на Изборниот законик кои предвидуваат една изборна единица и отворени листи.

Претседателот на Комисијата, Александар Кирацовски, во Собранието изјави дека амандманската расправа не може да почне, бидејќи не се преведени сите амандмани поднесени на Предлог-законот.

Тој информира дека досега се преведени и ставени во електронскиот систем 3.734 амандмани од вкупно поднесените 5.899. Нагласи дека ќе ги чека службите до крајот на следната недела, па ќе закаже седница за да може да почне амандманската расправа во Комисијата за политички систем.

Во меѓувреме кажа дека на 25 декември ќе закаже јавна расправа за менување на Изборниот законик со цел, како што кажа, да се презентираат аргументите и да се разубедат они што се против.

Кирацовски оцени дека целта на подносителите на илјадниците амандмани е да го блокираат целиот процес и ги повика да се премислат и да ги повлечат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот