Киплагат и Черотич од Кенија победници на Скопскиот маратон, Ивановски второпласиран

Скопскиот маратон се одржа по 18 пат/фото: Принтскрин/instagram.com/skopjemarathon

Денеска на Скопскиот маратон кој се одржа на улиците на главниот град доминираа натпреварувачите од Кенија.

Во машка конкуренција триумфираше Кениецот Онесмус Киплимо Киплагат со време од 02:18.19 часа, пред македонските натпреварувачи Дарио Ивановски (02:33.07) и Никола Илиевски (02:43.28).

Кај жените првопласирана беше Кенијката Катерин Черотич со време 02:38.48 часа, пред нашите претставнички Билјана Кираџиева (03:04.49) и Тамара Попов (03:23.00). Сите резултати можете да ги погледнете ТУКА

Скопскиот маратон кој традиционално е во организација на Сојузот на спортови на Град Скопје, се организира со поддршка на бројни спортски клубови и асоцијации, а под покровителство на Град Скопје, Агенцијата за млади и спорт и Канцеларијата на Европската Унија.

Град Скопје по 18 пат беше домаќин на Скопскиот Маратон на кој оваа година беа пријавени над 8500 учесници од 47 земји низ светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот