Кипарските лидери ќе имаат средба со Гутереш

фото: EPA-EFE/AMEL PAIN

Лидерите на етнички поделениот Кипар се подготвени следниот месец да се сретнат со генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш со цел да се утврдат следните чекори кон продолжување на формалните преговори за повторно обединување на островот, изјави денеска портпаролот на ОН, Алем Сидик.

Тој наведе дека лидерите на грчката и турската заедница исто така одлучиле да разговараат и со американската претставничка Џејн Хол Лут со цел да се подготви рамка за преговори кои би воделе кон мировен договор.

Соопштението е издадено на претседателот на Кипар, Никос Анастасијаде и лидерот на кипарските Турци, Мустафа Акинчи, на средба која траела речиси четири часа во заштитената зона на ОН.

Според Сидик, двајцата лидери разговарала за „сеопфатни основни начела“ за потенцијалниот мировен договор.

Островот Кипар е поделен на два дела во 1974 година, кога обидот на кипарските Грци за обединување со Грција предизвика воена интервенција од страна на Турција. Преговорите за повторно обединување на Кипар досега немаат резултат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот