Кипарската полиција го најде и го сослуша Русинот кој е сопственик на бродот кој го пренесе амониум нитратот во Бејрут

По барање на Интерпол, кипарската полиција го пронашла и го сослушала 43-годишниот Русин Игор Гречишкин, поранешен сопственик на бродската компанија, која во Бејрут пренела амониум нитрат, објавија медиумите од островот.

Портпаролот на полицијата на Кипар, Христос Андреу за кипарската новинска агенција ЦНА рекол дека по комуникацијата со Интерпол во Либан и „во рамките на меѓународната полициска соработка беше пронајден 43-годишнниот жител на Кипар во врска со карго бродот конфискуван на пристаништето во Бејрут во 2014 година” и бил повикан да даде одредени информации за конкретниот брод, јави дописничката на МИА од Атина.

Прочитајте и...  „Ако биде потребно ќе бидат повикани резервистите“: Што точно значи воена состојба?

Портпаролот на кипарската полиција демантирал дека 43-годишниот има кипарско државјанство.

Медиумите во Кипар, повикувајќи се на информациите од руски медиуми објавија дека амониум нитратот што веројатно е и причината за големата експлозија, пристигнал во Бејрут во септември 2013 година со карго бродот „Rhosus”, тогаш во сопственост на 43-годишниот Русин сослушан од полицијата на Кипар.

Ова е рускиот тајкун кој го остави бродот полн со експлозивен товар во пристаништето во Бејрут (ФОТО)

Прочитај повеќе

Кралот на Јордан го распушти Домот на пратеници и нареди да се одржат избори

Слободен печат

„Ако биде потребно ќе бидат повикани резервистите“: Што точно значи воена состојба?

Слободен печат

Лукашенко му возврати на Макрон: Тој требаше да даде оставка пред две години

Слободен печат

Кој е подготвен за судирот меѓу Азербејџан и Ерменија – Едната страна има драстично повеќе војници

Слободен печат

Макрон: Хезболах да разјасни дали е партија или милиција

Слободен печат

Помпео вечерва во посета на Грција, разговарал со Столтенберг за тензиите во источниот Медитеран

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

„Света е наш претседател”: Повеќе од 100.000 демонстранти на улиците во Белорусија

Фамилија шеташе на островот Хвар, а набргу ги потопи бран (ВИДЕО)

Слободен печат

Во напад во Нигерија се убиени 18 луѓе, одговорноста ја презема Исламска држава

Слободен печат

Заев и Борисов телефонски разговараа за соработка меѓу двете земји

Слободен печат

Трамп: Бајден треба да се тестира за дрога пред дебатата

Слободен печат

Шахпаска: Родителите на децата до шест години и со продолжено породилно да се вратат на работа

Слободен печат