Кипар воведува задолжителен тест за туристите од Грција

фото Миа

Поради зголемениот број позитивни случаи на Ковид-19 кај туристи што се вратиле од различни делови на Грција, Министерството за здравство на Кипар соопшти дека ја преместува Грција во втората категорија земји и за патување е задолжителен негативен тест, јави дописничката на МИА од Атина.

Одлуката стапува во сила на 6 август, а до тогаш ќе бидат зголемени тестовите по случаен избор на туристите што на кипарските аеродроми пристигнуваат од Грција.

За земјите од втората категорија задолжителна е потврда за негативен молекуларен ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето.

Во оваа група, согласно ажурираната листа што минатата седмица ја објави Кипар се Велика Британија, Белгија,  Франција, Италија, Шпанија, Хрватска , Холандија Чешка, Андора, Монако, Ватикан, Сан Марино, Австралија, Мароко, Руанда, Тајланд, Тунис, Уругвај и Кина, а од четврток се додава и Грција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот