-5 C
Скопје

Кипар воведува полициски час од 21 часот

Полициски час од 21 до 5 часот наутро, работно време до 19 часот за рестораните и кафулињата, затворени фитнес центри, базени и казина, забрана за јавни собири и протести, се дел од мерките кои од вторник, се воведуваат на Кипар, во траење од две седмици, јави дописничката на МИА од Атина.

Во црквите и религиозните храмови дозволени се најмногу 75 лица, додека пак за венчавките, крштенките и погребите, бројот не смее да биде над десет.

Продавниците и моловите, фризерските и козметичките салони, археолошките локалитети и музеите, театрите и галериите ќе останат отворени, но согласно здравствените протоколи.

Министерот за здравство на Кипар Константинос Јоану, соопштувајќи ги мерките рече дека здравствениот систем е под притисок.

Прочитајте и...  Филипче: Пристигнаа дел од фрижидерите во кои треба да се чуваат вакцините, системот и планот за вакцинирање се подготвени, се чекаат уште вакцините

-Во месец ноември на Одделите за интензивна нега беа примени 26 пациенти, а 22 наши сограѓани ја загубија битката за живот поради болеста. Речиси половина од смртните случаи (вкупно 48) од почетокот на пандемијата беа регистрирани во ноември, рече Јоану.

Мерките, планирано е да се олабават на 14 декември, а министерот за здравство на Кипар, на денешната прес конференција ги соопшти и мерките што ќе бидат на сила од 14 декември до 7 јануари, доколку се подобри епидемиолошката слика во земјата.

Полицискиот час ќе биде од 23 до 5 часот наутро, дозволени ќе бидат собири во домовите на најмногу 10 лица вклучително и децата, а угостителските објекти ќе работат до 22 часот.

Прочитајте и...  Филипче: Офталмологија и оториноларингологија почнуваат со редовна работа

Исклучоци постојат за 24 и 31 декември, односно за Божиќ и Нова година кога полицискиот час ќе биде од 2 часот по полноќ до 6 часот наутро, угостителските објекти ќе бидат со продолжено работно време до 00.30 часот, додека пак за периодот од 23 декември до 1 јануари 2021 година, во домовите дозволени се собири на најмногу 15 лица.

Јоану упати апел до граѓаните да ги почитуваат мерките, рече дека оваа година празниците ќе бидат поразлични, но сите треба да бидат „посветени на големите напори да го спасиме нашето здравје”.

-Овој Божиќ да им го подариме на луѓето кои ги сакаме, на сите оние кои мораме да ги поддржиме и заштитиме, порача министерот за здравство на Кипар.

Прочитајте и...  Зошто се влошува состојбата со епидемијата во Британија?

Од почетокот на епидемијата, на Кипар се регистрирани 9.673 случаи на Ковид-19, а починаа 48 лица.

Поврзани вести

Симовски: Статистиката ја регистрира реалноста

МИА Агенција

Шокантно сведоштво на српската ѕвезда: Повеќепати ме силуваше познатиот сопственик на угледното училиште Мирослав Мика Алексиќ, има и други жртви

СП.

Општина Центар собира предлози за име на новиот Младински центар

МИА Агенција

Во Вашингтон уапсено лице со оружје и лажна пропусница за инаугурацијата на Бајден

МИА Агенција

За 71 отсто намален бројот на патници од аеродромите во Скопје и Охрид

МИА Агенција

Петти ден по ред во Бразил над 1.000 умрени дневно од ковид-19

МИА Агенција

Остави Коментар