Кипар ги забрани знамето и химната на Косово на Европското првенство во карате

фото: принтскрин/facebook/Federata e Karatesë e Kosovës

Кипарската Влада донесе одлука дека натпреварувачите од Косово не може да се настапат под своето знаме, а во случај некој од каратистите од таа земја да ја освои титулата, нема да се интонира химната.

Ова се случи на Европското првенство во карате за кадети, јуниори и помлади сениори, а од карате федерацијата на Косово (која броеше 45 членови за овој настан) веднаш реагираа на ваквите одлуки.

Учесниците сакаа да се повлечат бидејќи не им беа прифатени жалбите, а претседателот на карате федерацијата на Косово Авни Гаши дополнително го образложи својот став.

– Бевме примени од Европската карате федерација, досега се натпреварувавме со други, но не ни дозволија во Кипар. Ни рекоа дека натпреварувачите можат да настапат само како претставници на карате федерацијата и дека наместо знамето стои натпис „Косовска карате федерација“. Ни кажаа и дека нема да има интонирање на националната химна доколку наш натпреварувач освои злато – рече Гаши.

Следуваше жалба до Светската карате федерација, но беше одбиена, па од карате федерацијата на Косово одлучија да не настапат на ЕП.

– Извршниот комитет се состана во Ларнака и после тоа ни беше кажано дека не можат да ја сменат одлуката на Владата на Кипар и дека можеме да се натпреваруваме само под тие услови. Не прифативме. Едногласно одлучивме дека нема да настапуваме таму – се зборовите на Гаши и додаде дека требаше да учествуваат над 30 каратисти од Косово на континенталниот собир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот