Кинотека: Летната програма почна со Европски филмски предизвик

Европскиот филмски предизвик со селекција на четири современи европски филмови ја отвори летната кинопрограма во дворот на Кинотеката. Од 10 до 13 јули се прикажуваат филмовите „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ (2019) во режија на Теона Стругар Митевска, „Гостин“ (2018) на режисерот Дучо Кијарини, „Земјата под моите нозе“ (2019) на Мари Кројцер и „Сонот на Катрина“ (2018) на Дарио и Мирко Бишофбергер.

Европскиот филмски предизвик (European Film Challenge) е иновативна дигитална платформа што ја поврзува најголемата заедница на љубители на европскиот филм и ја промовира европската кинематографија. Третиот европски филмски предизвик #EuropeanFilmChallenge е во тек, a победникот со најмногу освоени поени ќе отпатува на Интернационалниот филмски фестивал во Венеција во септември 2020 година.

Поените се освојуваат со регистрација на платформата и со гледање европски филмови.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 39, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 11-12 јули 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот