Кинотека: Дигитално издание на „Време на игри и соништа“ на Илинденка Петрушева

Кинотеката ја збогати својата дигитална издавачка едиција со книгата „Време на игри и соништа“, со поднаслов „Аматерскиот филм во Македонија од 1935 до 2011 година“, на Илинденка Петрушева.

Македонската дама на филмската публицистика Илинденка Петрушева е филмски критичар, историчар на филмот и есеист. Беше дел од основачите на Кинотеката на Македонија во 1974 година, каде што работеше како советник-филмолог до нејзиното пензионирање. Таа е еден од основачите и на Фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола, а член е на македонската секција на филмски критичари и член на ФИПРЕСЦИ (Меѓународна асоцијација на филмските критичари).

Авторка е на книгите: „Филмолошка библиографија 1944-1954“ (Кинотека на Македонија, 1991), „Филмографија на македонскиот аматерски филм 1935-2000“ (Киносојуз на Македонија, 2001), „Сонце на дирек – мали приказни за македонските филмски сонувачи“ (Македонска реч, 2005), „Време на игри и соништа – студија за аматерскиот филм во Македонија од 1935 до 2011“ (Кинотека на Македонија, 2011), „Само сонот е стварност“ (Македоника литера, 2017).

Прочитајте и...  „Скопско лето“ во време на корона: Програмска свежина со домашни автори и изведувачи

Меѓу наградите и признанијата посебно место зазема „Златен објектив“, кој ѝ беше доделен по повод Денот на Кинотеката на Македонија во 2017 година. Признанието „Златен објектив“ се доделува на поединци што со своето професионално делување придонеле македонската кинематографија да се создаде, развива, промовира и популаризира. Петрушева е добитник и на државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2017 година во областа на културата и уметноста.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 37, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 27-28 јуни 2020)

Прочитај повеќе

„Скопско лето“ во време на корона: Програмска свежина со домашни автори и изведувачи

Тони Димков

Кинотека: Летната програма почна со Европски филмски предизвик

Тони Димков

Штипско културно лето: Почеток во знакот на најмладите читатели

Тони Димков

Излезе „Културен печат“ број 39 во весникот „Слободен печат“

Тони Димков

Програмски содржини: Националната галерија ја прилагоди годишната програма

Тони Димков

Книжевен превод: Девет приказни за далматинските „галеби“

Тони Димков

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Збирка раскази: „Не правете им сенка на гробовите“ од Дијана Петрова

Тони Димков

Издание на „Арс либрис“: „Курвински хроники“ од Александар Русјаков

Тони Димков

Публицистика: Галерија на успешни македонски иселеници во книгата „Патот на успехот“

Тони Димков

Ликовна изложба во „Ко-Ра“: Колоритна фасцинација од македонскиот пејзаж

Тони Димков

Ново издание од „Макавеј“: Поетската книга „Од исто тесто“ носи стихови за смртта и надежта

Тони Димков

Мали камерни состави: Jубилеен концерт на виолинистката Пламенка Трајковска

Тони Димков