Кинезите направиле СУПЕР ЛАСЕР: 13 пати подобар од стариот, а еве зошто ќе има ЗЕЛЕНА боја (ВИДЕО)

Фото: Профимедиа

Научници од југоисточна Кина велат дека синтетизирале кристал со потенцијал значајно да ги подобри перформансите на ласерот кој се користи во цивилна и воена опрема.

Кристалот цезиум бизмнат гермнат (ЦБГО) може да ги претвори нискоенергетските зраци во високоенергетски емисии со неспоредлива ефикасност, изјавил професорот Мао Џиангао, лидер на тимот на Фуџиан Институтот за истражување на материи, дел од кинеската академија за наука.

Во споредба со кристалот калиум дихидроген фосфат (КДП), кристалот ЦБГО бил 13 пати поефикасен во претворање на инфрацрвени во посилни зелени зраци.

„Ова е рекордно откритие“, рекол Мао во вторникот. „Затоа мислиме дека кристалот може да има потенцијал“. Истражувачите рекле дека ЦБГО кристалите би можеле да го решат проблемот кои ги ограничил перформансите на ласерите – огромна количина на електрична енергија потребна за напојување.

https://www.youtube.com/watch?v=Vp2f05sbE3g

Голема е потрагата за енергија, бидејќи постоечката технологија не е ефикасна во претворање на нискоенергетски зраци во високоенергетски – една од причина што ласерското оружје не е уште толку често како што научниците предвидувале во 1960 година.

ЦБГО припаѓа на фамилијата позната како нелинеарни кристали, кои предизвикуваат нагли промени на енергијата која поминува низ нив. Научниците откриле дека кристалите ЦБГО можат да ја удвојат фреквенцијата на ласерскиот сноп.

Многу војни и цивилни апликации имаат потреба од високоенергетски зраци. Тука се брои и насоченото енергетско оружје наменето за уништување на беспилотни летала или ракети, или кинескиот прототип на Гуанлановиот сателит против подморницата, кои ќе користат зелен ласер за откривање на целите до длабочина од 500 метри.

Кина е светски лидер во истражување на кристалите, а некои од најчесто користени ласерски уреди, кинеските научници ги развиле благодарејќи на големи влогови на централната влада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот