КИНЕЗИТЕ ЛУТИ НА САД: Престанете со непримерните мерки кон нашите компании!

Кинеската влада бара САД да прекине со „непримерните“ акции против кинеските компании, истакнал денеска заменикот на кинескиот министер за трговија, Ванг Шувен.

Американското министерство за трговија во петокот додаде уште пет кинески технолошки компании на листата на која се наоѓаат фирми на кои им се забранува купување на делови од американски компании.

– Се надеваме дека американската страна, според начелата на слободната трговија и во духот на Светската трговска организација, може да прекине со овие непристојни мерки против кинеските компании и да ги отстрани од оваа листа. Овој потег би бил од корист за двете страни – изјави Ванг, а пренесуваат светските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот