Кинезите ги надминаа очекувањата на аналитичарите – во добивка се 20 милијарди долари

Акциите на берзите во Азија забележаа раст по извештајот за надворешна трговија на Кина и ги зајакнаа валутите чувствителни на ризик, вклучувајќи ги и австралискиот и новозеландскиот долар, како и британската фунта, бидејќи на инвеститорите им олесна откако презентираните податоци беа подобри од очекуваните.

Само изминатиот месец Кина по однос на стокова размена остварила надворешно – трговски суфицит во висина од 19,9 милијарди долари. Ваквите податоци ги соопштија царинските власти во земјата. Со ваквиот тренд земјата ги надмина прогнозите на аналитичарите на пазарот за вишок од 18,55 милијарди долари.

Трговските податоци за кинеската стоковна размена со светот во март се далеку подобри отколку во јануари и февруари, кога земјата, во екот на пандемијата на коронавирусот, забележа надворешен трговски дефицит од 7,09 милијарди долари.

Економистите за март предвидоа пад на извозот од 14 отсто на меѓугодишно ниво.

Во исто време, кинескиот увоз во март се намали за 0,9 проценти во однос на претходната година, што е исто така значително подобро од очекувањата на пазарите кои предвидуваа пад од 9,5 проценти.

Царинската управа овој резултат го припишува на подобрување на домашната побарувачка, која во првите два месеци падна за четири проценти.

Акциите на берзите во Азија забележаа раст по извештајот за надворешна трговија на Кина и ги зајакнаа валутите чувствителни на ризик, вклучувајќи ги и австралискиот и новозеландскиот долар, како и британската фунта, бидејќи на инвеститорите им олесна откако презентираните податоци беа подобри од очекуваните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот