Кинезинка купила автомобил од 24.500 евра со железни монети: Работниците три дена ги броеле парите (ВИДЕО)
Работниците во еден салон за автомобили во Кина останале без текст кога дошла некоја муштерика и одлучила да купи „Фолксваген“ носејќи железни монети кои биле поделени во 66 кеси.
„Фолксфаген пасат“ кој бил изборот за оваа Кинезинка, чинел 190.000 јуани, односно околу 24.500 евра, а на работниците кои работеле во продажниот салон им биле потребни три дена за да ги избројат сите железни монети.
На видеото се гледа дел од работниците кои трпеливо ги бројат парите на подот од салонот.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=41&v=U7Dkjc6NvMU
Во броењето на парите учествувале 17 работници и сето тоа траело 3 дена.
Кинезинката е сопственичка на мал ресторан, а монетите ги собирала од своите муштерии. Собирала ситни пари точно 10 години и заштедила доволно за нов автомобил.
Сумата од 130.000 јуани успешно ја платила со монетите, додека остатокот стигнал преку е-трансфер.