Кинезинка купила автомобил од 24.500 евра со железни монети: Работниците три дена ги броеле парите (ВИДЕО)

Работниците во еден салон за автомобили во Кина останале без текст кога дошла некоја муштерика и одлучила да купи „Фолксваген“ носејќи железни монети кои биле поделени во 66 кеси.

„Фолксфаген пасат“ кој бил изборот за оваа Кинезинка, чинел 190.000 јуани, односно околу 24.500 евра, а на работниците кои работеле во продажниот салон им биле потребни три дена за да ги избројат сите железни монети.

На видеото се гледа дел од работниците кои трпеливо ги бројат парите на подот од салонот.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=41&v=U7Dkjc6NvMU

Во броењето на парите учествувале 17 работници и сето тоа траело 3 дена.

Кинезинката е сопственичка на мал ресторан, а монетите ги собирала од своите муштерии. Собирала ситни пари точно 10 години и заштедила доволно за нов автомобил.

Сумата од 130.000 јуани успешно ја платила со монетите, додека остатокот стигнал преку е-трансфер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот