Млад Кинез скокнал од Стариот мост во Мостар и не испливал од Неретва

„Дневни аваз“
„Дневни аваз“

Триесетгодишен државјанин на Кина бил мажот кој на 31. јануари скокнал од Стариот мост во Мостар и не испливал од реката Неретва, соопшти босанската полиција, откако претходно се верувало дека станува збор за државјанин на Малезија.

Потрагата по неговото тело се уште не дала резултати, а за случајот е известена и кинеска амбасада во БиХ.

– Несреќното момче, како што ни е кажано, ноќта изнајмило апартман и буквално веднаш потоа зел пешкир и заминал на мостот, од кој скокнал. Неговиот трагичен скок бил снимен од граѓаните, на кои дури и им се обратил, но тие ништо не го разбрале. Во апартманот се пронајдени негови лични предмети, меѓу кои и неговиот пасош, лаптоп и два мобилни телефона – пишува „Дневни аваз“.

Во полицијата потврдиле дека момчето еден период пред тоа престојувало во БиХ, при што неколкупати ги шокирало граѓаните на Сараево одејќи по снег бос и само во шорцеви, со ранец на грбот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот