Кинез има бизарен изум, тврди дека штити од коронавирус

Кинескиот архитект Сан Дејонг дизајнирал производ, за кој тврди дека може да ги заштити луѓето од коронавирусот „ковид 19“. Неговата идеја е штит во форма на меур што „луѓето би го носеле кога се изложени на опасни ситуации за време на епидемијата на коронавирус“, пишува „Фокс њуз“.

Дејонг, кој е соосновач на студијата Пенда Чајна, вели дека оваа обвивка, која има крилја слични на оние кај лилјакот, би била направена од карбонски влакна и дизајнирана да се носи како ранец.

„Мрежата на ултравиолетово зрачење на површината на уредот може да се загрее доволно за да се стерилизира околината околу оној што го носи, со што вирусот се убива наместо да се шири“, пишува во описот на производот на Инстаграм.

Овој уред ќе се витка и расклопува, а може да се отвори автоматски.

„Коронавирусот ќе биде убиен на температура од 56 степени. ПВЦ-фолијата што се користи тука е слична на онаа на шофершајбната на автомобилот, а жиците што се загреваат се  наоѓаат меѓу прозорците“, објаснил Дејгонг.

Сепак, научниците сè уште не знаат дали може високите температури да го убијат „ковид 19“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот