Кинез грабнат како дете, по 32 години ги пронајде своите биолошки родители (ВИДЕО)

Фото: Screenshot/YouTube

Последните 10 години кинеската полиција помогна 6.300 грабнати деца да си ги пронајдат биолошките родители со помош на ДНК тестови.

Кинез кој бил грабнат кога имал две години, 32 години подоцна со помош на полицијата ги пронајде своите биолошки родители.

Мао Јин во 1988. имал две години кога е грабнат пред хотел во градо Џиан (во средиштето на Кина), соопшти локалната полиција.

Детето било продадено на една двојка без деца во соседната провинција Сечуан ( во југозападниот дел од земјата), кои го одгледале како сопствен син.

Тој вчера конечно ги сретна своите биолошки родители.

Неговат амајка Ли Јингџи на државната телевизија CCTV раскажа дека по исчезнувањето на синот го напуштила работното место и безуспешно поделила повеќе од 100.000 летоци за киднапирањето.

Така му влегле во трага на Мао Јин во Сечуна, каде води продавница за внатрешно уредување. СО ДНК тест е потврдено дека е киднапираното дете. Пораснал без да знае дека бил киднапиран и сега повеќе не сака да ги напушти биолошките родители, со кои сака да живее.

Последните 10 години кинеската полиција помогна 6.300 грабнати деца да си ги пронајдат биолошките родители со помош на ДНК тестови, пренесува службената новинска агенција Нова Кина.

Киднапирањето деца било често во 80-тите години, кога се спроведуваше политика на едно дете по семејство и кога порасна побарувачката за машки деца во Кина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот