Кинез го продал детето за 19.000 евра бидејќи не можел да најде работа заради пандемијата

Човек во Кина наводно го продал бебето за 19.000 евра на лице кое го запознал преку интернет, бидејќи ја изгубил работата за време на пандемијата на коронавирусот, јавуваат тамошните медиуми.

Како што се наведува, станува збор за работник мигрант, кој веќе има два сина, а рекол на полицијата дека се соочил со големи финансиски проблеми бидејќи останал без работа.

Дејли меил пренесува дека тој наводно ја убедил сопругата која била бремена да се согласи на оваа противзаконска продажба, пред да го продадат синот стар само 40 дена на жена која очајно сакала дете.

Полицијата дознала за „трансакцијата“ сосема случајно така што таа била сомнителна за нив дури кога патувала со воз со детето.

Полицајците ја замолиле да се симне од возот во градот Хефеј, а таа после испрашувањето признала дека платила пари на луѓе во замена за детето. Локалната полиција веднаш покренала истрага и дознала дека биолошките родители се мигранти кои работат во Кина.

Парот веќе има двајца синови, на седумгодишна и двегодишна возраст, а кога мајката забременила по трети пат, таа морала да престане да работи. Полицијата соопштила дека нејзиниот маж не можел да најде работа заради пандемијата на коронавирусот, па сакал со продажбата на детето да го намали финансискиот товар на фамилијата.

На нив им се заканува затворска казна од 10 години заради трговија со деца, а во некои случаи може да има и доживотна робија, па дури и смртна казна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот