Кинеските власти ставиле во карантин 95 руски морнари, откако еден имал антитела на коронавирусот

Фото: ЕПА

Кинеските власти во карантин ставиле 95 руски државјани, морнари од рибарскиот брод „Сивинд”, по тестирањата од кои се утврило дека еден морнар имал антитела на коронавирусот.

-Бродот на 26 јуни го повика пристаништето Далијан, а членовите на екипажот беа тестирани за коронавирус како дел од контролната постапка. Антитела на инфекцијата биле пронајдени во крвта на еден морнар, изјави Антон Исаков, трет секретар на рускиот конзулат во Шењанг, пренесе Тасс.

Локалните власти одлучиле екипажот на бродот да го стават во карантин бидејќи постоел ризик другите морнари да се заразат.

Исаков забележува дека е можно морнарот да имал коронавирус пред многу време и дека развил антитела.

Морнарите ќе бидат во двонеделен карантин во еден локален хотел, додека на бродот останале само минимален број членови на екипажот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот