Кинеските власти открија „супер преносител“: Патувал низ земјата, држел часови, а заразил повеќе од 100 лица

Фото: EPA-EFE/GENO ZHOU CHINA OUT

Кинеските здравствени власти денеска соопштија дека откриле 102 лица кои биле заразени од „супер преносител“, 45-годишен маж кој патувал во североистокот во земјата и држел предавања за здравјето.

Ѓилин, кој се граничи со Северна Кореја, во саботата пријави 10 локално пренесени случаи и 63 асимптоматски случаи на коронавирус.

Здравствената комисија од Ѓилин соопшти дека сите, освен еден од 63-те асимптоматски случаи се поврзани со 45-годишниот учител кој патувал со возови во Харбин, главниот град на провинцијата Хеилонгџијанг и градовите во Ѓилин – Чангчун, Тонгхуа и Гонгџулинг.

Кинеските државни медиуми известија дека тој меѓу 8 и 11 јануари држел четири предавања во два здравствени клубови во Гонгџулинг и Тонгхуа.

Меѓу 102 случаи поврзани со него, имало 79 луѓе кои присуствувале на предавањата и 23 негови блиски контакти.

Извор: Блиц.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот